Sunday, June 20, 2010

За фудбал или за нешто друго?!Ништо друго не е важно!
Денес Бразил-Брегот на Слонова коска.Мора да биде нерешено!
Од кога е на клупата Свен Горан Ериксон работите се променија.Слоновите се тактички одлични.И можеби не направија многу во нападот на мечот со Португалија,но во дефанзива беа совршени.Можеби и самиот факт што тактички двете екипи се исклучија играјќи 4/3/3 оди во прилог на резултатот.Ако земеме во предвид дека и Бразил игра нешто слично(асиметрична варијанта на 4/2/3/1) а Северна Кореа се брани со 8 играчи се ми се чини дека во оваа група ќе видиме најмалку голови.Друг заклучок кој се наметнува е Дрогба!Тој е клучот во тактиката на Ериксон.Иако Португалија беше екипата која беше поактивна на теренот во последниот дел од мечот поблиску до гол беше Брегот.А тогаш Дрогба беше во игра.
Против Бразил не верувам дека може да се промени нешто во почетниот состав сем Дрогба да биде од почетокот во првите 11.Веројатно е дека Зокора повторно ке биде на стоперска позиција иако е тој дефанзивен средњак а Жервињо од позиција на централен напаѓач ќе биде префрлен на неговата природна позиција по десната страна(на тоа место игра за Лил).
А таму е слабата точка на Бразил.Можеби единствената слаба точка за која мислев дека и ја нема до почетокот на првенството.Таму игра Мишел Бастос,позиција на лев фул бек, напаѓачки одличен но дефанзивно очаен со оглед на фактот што тој и не е бек туку е офанзивен крилен играч(игра во Лион).Неговите излети во нападот ги покрива Фелипе Мело кој имаше очајна сезона во Јувентус но само делумно по негова вина.Тоа значи дека ако се реши да нападне ,Ериксон ќе го направи тоа по десната страна.Значи Жервињо/Бастос и Калу/Маикон па самите проценете дали Бразил ќе може да нападне со бековите.Ако се сеќавате првиот гол против Кореа беше излет на Маикон,единствен играч кој имаше малку простор пред себе во густата одбрана на корејците.
Малку голови денес...