Saturday, September 11, 2010

Серија А...коло 2!

Интер - Удинезе
Против Болоња и 3/5/2 Интер не успеа да постигне гол.Против Удинезе и 3/4/2/1 би требало да биде уште потешко,но домашниот терен е предност на која не треба да заборавиме.Во последните 2,3 сезони Интер потешко минуваше на Сан Сиро одколку на Фриули.Две сезони по ред успева да победи со гол во продолжението.Но факт е дека Удинезе последните 2,3 сезони играше 4/3/3 што во голема мерка се неутрализираше со Интеровиот 4/2/3/1.А Интер минуваше лесно против екипи кои играат со тројка во последниот ред.Но сега Бенитез е на клупа и можеби тое ќе се смени бидејќи Бенитез и ретко кога играл против таква формација која ја нема во англискиот фудбал 15-тина години.Ќе му недостасува Маикон а и Тиаго Мота кои се повредени.Удинезе има проблеми со одбраната бидејќи недостасува Андреа Кода.Го нема и Маурицио Исла во средниот ред.Против Џенова можеби најреално требаше да биде реми,но Место искористи едно невнимание на одбраната и ги однесе сите 3 бодови.
И двете екипи се во надолен тренд.Можеби за една од нив ова ке биде пресвртница но сепак треба да биде меч без многу голови.
Најсигурна опцијa:under 2.5,3 1.77 bet365!

Monday, August 30, 2010

Серија А 2010/11...почеток!

20-45.
Болоња - Интер
После сите добри работи кои му се случија на тимот на Болоња ова лето(нов сопственик,неколку нови играчи)како бомба одекна веста дека Франко Коломба добива отказ на само 24 часа пред утакмицата со Интер.Причина,не верувал дека тимот со кој располага може да се носи со другите во Серија А.Нов тренер ќе биде назначен во среда а на денешниот натпревар на клупата ке биде тренерот на младинскиот тим Паоло Мањани.А сето тоа се случи одкако се повредија неколку играчи за време на летните подготовки на тимот па Коломба имаше изјава за медиумите која го навреде сопственикот Серџо Поркеда.Најсериозен кандидат за тренер е Малезани иако Поркеда имаше желба да го доведе Леонардо.
За денешниот натпревар највероватно нема да има одстапки од тактиката на Коломба 4/4/1/1,8 играчи позади топка и игра на контри.Целата игра се заснова на Марко Ди Вајо и неговата брзина но во минатата сезона откритие беше Гименез кој игра позади Ди Вајо,помеѓу линии.Иако има доста повредени играчи,најавениот состав би можел да се носи со Интер во поголем дел од средбата.
А Интер беше очаен во петокот.Без ниедна посериозна шанса за гол не сум го видел подолго време.Нема убавина во играта кај тимовите што ги води Бенитез.Мота и Маикон се повредени а шемата останува иста 4/2/3/1.Против каличен 4/4/2 на Атлетико не се наиграа.А што ќе биде против уште по затворена варијанта на Болоња?
Прогноза,под 2,5 голови!

Sunday, June 20, 2010

За фудбал или за нешто друго?!Ништо друго не е важно!
Денес Бразил-Брегот на Слонова коска.Мора да биде нерешено!
Од кога е на клупата Свен Горан Ериксон работите се променија.Слоновите се тактички одлични.И можеби не направија многу во нападот на мечот со Португалија,но во дефанзива беа совршени.Можеби и самиот факт што тактички двете екипи се исклучија играјќи 4/3/3 оди во прилог на резултатот.Ако земеме во предвид дека и Бразил игра нешто слично(асиметрична варијанта на 4/2/3/1) а Северна Кореа се брани со 8 играчи се ми се чини дека во оваа група ќе видиме најмалку голови.Друг заклучок кој се наметнува е Дрогба!Тој е клучот во тактиката на Ериксон.Иако Португалија беше екипата која беше поактивна на теренот во последниот дел од мечот поблиску до гол беше Брегот.А тогаш Дрогба беше во игра.
Против Бразил не верувам дека може да се промени нешто во почетниот состав сем Дрогба да биде од почетокот во првите 11.Веројатно е дека Зокора повторно ке биде на стоперска позиција иако е тој дефанзивен средњак а Жервињо од позиција на централен напаѓач ќе биде префрлен на неговата природна позиција по десната страна(на тоа место игра за Лил).
А таму е слабата точка на Бразил.Можеби единствената слаба точка за која мислев дека и ја нема до почетокот на првенството.Таму игра Мишел Бастос,позиција на лев фул бек, напаѓачки одличен но дефанзивно очаен со оглед на фактот што тој и не е бек туку е офанзивен крилен играч(игра во Лион).Неговите излети во нападот ги покрива Фелипе Мело кој имаше очајна сезона во Јувентус но само делумно по негова вина.Тоа значи дека ако се реши да нападне ,Ериксон ќе го направи тоа по десната страна.Значи Жервињо/Бастос и Калу/Маикон па самите проценете дали Бразил ќе може да нападне со бековите.Ако се сеќавате првиот гол против Кореа беше излет на Маикон,единствен играч кој имаше малку простор пред себе во густата одбрана на корејците.
Малку голови денес...